Во рамките на соработката на ФИНКИ со ДСВ при Универзитетот во Стокхолм, обезбедени се 2 мобилности на студенти од магистерски студии на ФИНКИ во ДСВ. Мобилностите се финансирани од програмата на шведската влада Линеус Палме, при што на студентите им се покриени патните и трошоците за сместување и живот. Мобилностите се предвидени да се реализираат во летниот семестар во учебната 2016-2017 година, кој на ДСВ трае од 16.01. до 04.06.2016. 

Студентите кои ќе се квалификуваат за оваа мобилност, ќе треба во рамките на својот престој од 16 недели во Стохолм, да реализираат 30 ЕКТС од предмети од ДСВ. Листата на предмети кои се нудат на англиски јазик во летниот семестар на магистерските студии на ДСВ е дадена на следниот линк:

http://dsv.su.se/en/education/study-information/utbytesprogramvt

Студентите кои ќе бидат избрани за оваа размена, ќе треба задолжителните предмети од насоката на која ќе се запишат на ФИНКИ да ги запишат во зимскиот семестар, за да можат да изберат предмети од летниот семестар на ДСВ кои потоа ќе им бидат признаени соодветни изборни предмети на ФИНКИ.

Со оглед дека роковите за пријавување на студентите во ДСВ се почетокот на месец Октомври, заинтересираните студенти треба да аплицираат за овие мобилности најдоцна до 26.09.2016 со пријавување до координаторот на Линеус Палме проектот на ФИНКИ, Анастас Мишев (anastas.mishev@finki.ukim.mk).

Услови за пријавување

  1. Студентите треба да се веќе пријавени во електронскиот систем како потенцијални студенти на некој од едногодишните магистерски студии на ФИНКИ, како и да се обврзат дека ќе се запишат на студиите во предвидениот рок (овој услов е потребен бидејќи рокот за нивно пријавување во ДСВ е пред рокот за запишување на магистерските студии на ФИНКИ)
  2. Студентите мора да имаат завршено додипломски студии од областа на компјутерските науки, информатиката или компјутерското инженерство.
  3. Предност ќе имаат студентите кои имаат сертификат за познавање на англискиот јазик, и тоа:
    1. IELTS: 6.5 overall (no section below 5.5 in the Academic Module).
    2. TOEFL:
      1. PBT 575 (with minimum score 4.5 in the written test).
      2. IBT 90 (with minimum score 20 in the written test).

Студентите кои во моментот на пријавувањето немаат ваков сертификат, доколку бидат избрани за мобилноста, ќе мора истиот да го обезбедат најдоцна до почетокот на летниот семестар, односно пред нивното упатување на размена.

За сите прашања, обратете се до координаторот на Линеус Палме проектот на ФИНКИ, Анастас Мишев (anastas.mishev@finki.ukim.mk)

1