Курсевите CISCO CCNA (CCNA1 R&S - Introduction to Networks) почнуваат од вторник, 25.10.2016 во 16ч. во просторија 115 на Финки. 

Сите заинтересирани студенти што сеуште не се пријавени, да се пријават на емаил најдоцна до вторник, 25.10.2016, до 12ч. за да бидат навреме вклучени.

Во прилог се детали за курсевите:

***************************************************************************************************

Во рамките на CISCO академијата на ФИНКИ, од октомври 2016 се организираат најновите курсеви од програмата на CISCO – CCNA R&S 1 и 2 (Routing and Switching, Верзија 5.0), наместо досегашните Cisco CCNA Exploration.

Истите се изведуваат како вон курикуларна настава и цената за студенти на ФИНКИ за курсевите CCNA R&S 1 (Introduction to Networks) и CCNA R&S 2 (Routing and Switching Essentials) заедно е 9999 денари за двата курса (се уплаќаат на две месечни рати 5499 + 4500 на сметката на факултетот). Цената на курсевите во други академии во Македонија и странство е неколку пати повисока. За успешно положување на секој курс, студентите ќе добијат 2 кредити согласно ЕКТС еквиваленција (70 часови активност за секој CCNA 1, 2, 3, 4 курс посебно).  Најголемиот број на кредити што секој студент може да ги добие од вон курикуларна настава во текот на своето студирање е 6 кредити.

Заинтересираните студенти можат да се пријават или да добијат дополнителни информации кај м-р. Кирил Ќироски

.

Детали за курсевите:

Курсевите се официјални од CISCO и ги предаваат само CISCO инструктори на македонски. Академијата има неколку инструктори кои што ги предаваат курсевите од CISCO. Истите се организирани како блок часови предавања и блок часови лабораториски вежби со работа на опрема и симулатор.

Полагањето на секој поединечен курс се изведува на 2 дела: финален испит и практичен испит. Финалниот испит е клик тест и истиот се изведува на англиски (и неколку други странски јазици) на сајтот на CISCO https://cisco.netacad.com/, додека практичниот дел се полага во симулаторот од CISCO – Packet Tracer 6.

Во текот на курсот секој студент секоја недела добива домашни. Секој курс е организиран во модули (11 по курс) и неделно се поминуваат просечно по 2 модули.

Секој студент добива пристап до онлајн материјалите за учење од сајтот на курсот (на англиски, официјални од CISCO), како и официјалните студентски материјали за лабораториски вежби, видеа, задачи предизвици, квизови и други помагала за учење.

По положување на двата курса, студентот се здобива со можност за полагање на сертификатот CCENT (Cisco Certified Entry Networking Technician).

Информација за понатамошните курсеви CCNA 3 и 4:

Преостанатите курсеви за CCNA R&S, 3 и 4 вообичаено се организираат во летниот семестар. Доколку има заинтересирани студенти (минимум 6), може да се организира група и во овој (зимски) семестар за CCNA 3 и 4.

По положување на четирите курса CCNA R & S се добива можност за полагање на CCNA R & S сертификат (Cisco Certified Network Associate Routing and Switching).

1