Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2014/15 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 15 септември до 17 октомври 2014 година.

НАПОМЕНА: Уписот на магистерски студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. Кандидатите ќе може да го извршат електронското пријавување од 15.09.2014.

Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2014/2015 година ќе запише вкупно 480 студенти на магистерски студии. 
 
Подетални информации во врска со уписите и студиските програми можете да најдете на веб страната, во делот Уписи - Магистерски студии