Почитувани,

ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на прославата на шестиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Овогодинешната прослава ќе се одржи во Драмскиот театар на 30-ти март (четврток) со почеток во 10 часот. На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2016-та година, како и ќе бидат доделени награди на најдобрите студенти. Дипломираните и магистираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 9 часот поради административни и организациски обврски. По завршување на свеченоста ќе има коктел.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје

img_9949_0.jpg

0