Истражувачката е-инфраструктура е една од основните алатки за развој на научните истражувања и за развој на информатичкото општество во Европа. Овозможувајќи пристап до големи високо-перформансни пресметувачки ресурси, научниците се во можност да извршуваат иновативни истражувања преку соработка во дистрибуирани тимови на научници од цела Европа и пошироко. Во тој контест развојот и виспоставувањето на ваквите технологии ги доближува послабо развиените региони од Европа на нивото на напредните Европски истражувачки центри, со што во голема мера се намалува одлевањето на мозоци.



За таа цел, Лабораторијата за Грид, Паралелно и Дистрибуирано процесирање сака да воспостави високо-перформансен центар за паралелно и дистрибуирано процесирање (кластер) кој ќе се вклучи во европската Грид инфраструктура за еНаука и ќе го поткрепи развојот на еНауката во Македонија.



Високо-перформансното процесирање и обработката на големи податочни множества е широко распространета гранка во секоја научна област. Градењето на високо-перформансниот центар за Грид процесирање ќе им овозможи на Македонските научници да ги искористат тие ресурси за свои потреби, а во склоп на Грид инфраструктурата да се поврзат со европските и светските научни трендови. Грид инфраструкурата овозможува голема соработка меѓу научниците.



Покрај можностите што ги нуди оваа технологија во сите научни полиња, научната лабораторија исто така ќе им овозможи и на Македонските истражувачи во областа на Грид проблематиката кои работат на усовршување на оваа технологија која е сеуште во развој.

 

Воспоставувањето на напреден високо-перформансен кластер ќе го поткрене нивото на лабораторијата, а со тоа и на застапенооста на Македонија во Европската Грид инфраструктура, на нивото на Европските и регионални центри. Поконкретно само во балканскиот регион, Македонија со понудените 80 процесорски јадра е далеку зад Србија (1500), Романија (1400), Бугарија (800), Грција (900), Турција (900).
AttachmentSize
PDF icon cenovnik_lab_grid.pdf285.55 KB
Description: 

Лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање

Image: