Стипендии

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе додели стипендии за студирање на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на државен натпревар по информатика, математика или физика, како и на сите кандидати кои ќе освојат прва, втора или трета награда на меѓународен натпревар од истите области. За најдобрите матуранти стипендијата ќе важи во текот на целото време од студирањето, доколку при тоа имаат просек над 9 и на време ги завршуваат студиите.  

Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, потребно е истите да ги донесат при уписот на Факултетот. Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика, треба истите да ги предадат при пријавувањето за упис на Факултетот. По разледувањето на дипломите, кандидатите ќе добијат одговор од Комисијата за уписи на ФИНКИ дали ќе добијат ослободување од плаќање партиципација и дали тоа ќе биде целосно или делумно.