Admissions

Листа на потребни екстерни и интерни предмети за запишување на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство:

Екстерни предмети 
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • математика (најмалку основно ниво) 
Интерни предмети за гимназии 
  • физика, информатика, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 
Интерни предмети за средни стручни училишта 
  • физика, информатика, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден стручен предмет, според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 
 
Матурантите кои ќе полагаат напредно ниво математика, како екстерен предмет, ќе имаат еднаков третман во однос на освоените поени како и оние кои полагале основно ниво математика.
 
Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кои два предмети од понудените се избрани.
 
Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата.